Полицијата во Босна и Херцеговина вчера уапсила 11 лица во Босанска Градишка поради тоа што го прекршиле полицискиот час со тоа што печеле јагне на ражен за време на забраната за движење, објавија тамошните медиуми повикувајќи се на соопштение од полициската станица во Градишка.
Но, тие се соочуваат со уште два казни – непочитување на уредбата за избегнувањето собири, за пропишаното физичко растојание, а еден од нив е казнет и поради тоа што ја прекршил целосната забрана за напуштање на домот која се однесува на лица над 65-годишна возраст.
Настанот се случил вчеравечер во местото Чукале. По приведувањето, лицата биле пуштени и им се изречени прекршочни казни за нарушување на јавниот ред и мир.