Изнесувајќи детали за сообраќајката што се случи на 17 јуни, скопското обвинителство соопшти дека движејќи се се по патот Скопје – ГП „Блаце“ непосредно пред тунелот Бадар, осомничениот со својот автомобил „фолксваген туран“ претекнал колона возила кои се движеле во ист правец. Во моментот на престигнувањето дошло до контакт меѓу неговиот и автомобилот „бе-ем-ве“ со косовски регистарски ознаки, кој се движел како трето возило во колоната што ја престигнувал осомничениот
Основното јавно обвинителство (ОЈО) Скопје ќе поведе истрага против 64-годишникот што учествуваше во трагичната сообраќајка на патот Скопје-Блаце, а во која загинаа три лица, чии безживотни тела подоцна беа извадени од реката Лепенец. За него, како што соопштија од Обвинителството, постои основано сомнение дека сторил тешко кривично дело против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот.

Поради текот на истражната постапка, Обвинителството до Основниот кривичен суд Скопје предложи на осомничениот да му се одреди мерка куќен притвор и да му се одземе пасошот.
Изнесувајќи детали за сообраќајката која се случи на 17 јуни, Скопското обвинителство соопшти дека движејќи се се по патот Скопје – ГП „Блаце“ непосредно пред тунелот Бадар, осомничениот со својот автомобил „фолксфаген туран“ претекнал колона возила кои се движеле во ист правец.
Во моментот на престигнувањето дошло до контакт меѓу неговиот и автомобилот „бе-ем-ве“ со косовски регистарски ознаки, кој се движел како трето возило во колоната која ја престигнувал осомничениот.
„Како резултат на ударот, автомобилот ‘бе-ем-ве’ излегол од коловозот и паднал во коритото на реката Лепенец, при што од возилото успеал да излезе само еден од патниците, а телата на останатите тројца беа пронајдени следниот ден откако автомобилот беше извлечен од водата“,
се вели во соопштението на Обвинителството.
Во текот на истрагата, како што додаваат од ОЈО Скопје, јавниот обвинител ќе сослуша сведоци и ќе нареди повеќе вештачења за испитување на настанот и причините поради кои дошло до контакт меѓу двете возила.
