Во Скопје, времето денеска, ќе биде сончево и топло со мала облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Во текот на денот ќе дува и слаб до умерен ветер од северозападен правец. УВ индексот денеска ќе биде 8, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Температурата наутро ќе биде од 8 до 17 Целзиусови степени, а во текот на денот од 23 до 33 Целзиусови степени.
Во Скопје, времето денеска, ќе биде сончево и топло со мала облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. Температурата ќе биде од 14 до 31 Целзиусов степен.
Утре, времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од северозападен правец. Во попладневните часови во планинските подрачја ќе има изолирана појава на краткотраен пороен дожд. Температурата ќе биде од 11 до 19 Целзиусови степени наутро, а попладне од 25 до 35 Целзиусови степени.
И во Скопје, утре, ќе биде сончево и топло со мала облачност, а ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Температурата ќе биде до 32 Целзиусови степени.
