Курти им заблагодари на косовските безбедносни сили и на македонските власти кои, како што напиша, од критичниот момент дале сè од себе и покрај сите предизвици со кои се соочиле
Премиерот на Косово, Албин Курти на својот фејсбук-профил изрази сочувство до семејствата на загинатите во сообраќајната несреќа во реката Лепенец, а на преживеаното 21-годишно момче му посака брзо опоравување.
„Само што бев информиран од нашите власти дека автомобилот кој синоќа излета и падна во реката Лепенц во Скопје е пронајден и во него се безживотните тела на тројца наши граѓани. На Шклќим, кој ја преживеа оваа несреќа, му посакувам брзо закрепнување и сила да се справи со болката од губењето на родителите и брат му. Моето искрено сочувство до семејствата Пацоли и Висока кои ги загубија членовите на нивните семејства. Ваквите настани длабоко влијаат на сите нас“,
напиша Курти.
Курти во постот им заблагодари на косовските безбедносни сили и на македонските власти кои, како што напиша, од критичниот момент дале сè од себе и покрај сите предизвици со кои се соочиле.
Автомобилот со тројца членови на семејството Пацоли од Косово попладнево беше извлечен од водите на реката Лепенец, а во него беа пронајдени трите безживотни тела. Потрагата траеше 24 часа откако, при сообраќајната несреќа која се сличи вчера вечер, возилото излета од патот во реката Лепенец, а само 21-годишниот син успеа да се спаси.
