МВР апелира граѓаните да ги почитуваат наредбите од сообраќајните полицајци
Вечерва во центарот на Скопје на улиците и булеварите околу националната арена „Тодор Проески“ ќе има посебен сообраќаен режим, најави скопската полиција.
Причината е што од 20:45 часот на фудбалскиот стадион ќе се одигра меѓународен натпревар помеѓу македонската и украинската репрезентација.
„МВР апелира до сите граѓани да ги почитуваат наредбите кои ќе ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците опфатени со посебниот режим на сообраќај“,
апелираат од полицијата.
Денешниот натпревар против Украина, македонските фудбалери го играат во рамките на 3. коло од квалификациската група Ц за пласман на Европското првенство 2024 година.
