„Повреден е сопатникот С.С. (28) од селото Јакимово, додека возачот и сопатникот Д.А. (28) од селото Истибања се здобиле со телесни повреди“, велат од МВР
Приведен е дваесет и четиригодишниот жител на виничкото село Градец откако, управувајќи автомобил без возачка дозвола и под дејство на алкохол, предизвикал сообраќајна несреќа на регионалниот пат Грдовци-Зрновци, информираат од Министерството за внатрешни работи (МВР).
Во несреќата едно лице се здоби со тешки телесни повреди, а две со полесни повреди.

Несреќата, според полицискиот билтен, се случила вчера околу 3:30 часот, кога Д.Н. (24) од село Градец, управувајќи патничко возило „опел“ со винички регистарски ознаки, изгубил контрола над возилото и излетал од коловозот.
„Повреден е сопатникот С.С. (28) од селото Јакимово, додека возачот и сопатникот Д.А. (28) од селото Истибања се здобиле со телесни повреди“,
велат од МВР.
Повредите биле констатирани во Јавната здравствена установа во Кочани.
При увидот, полициските службеници од Оддлението за внатрешни работи (ОВР) Кочани утврдиле дека возачот не поседувал возачка дозвола, а дополнителните проверки покажале дека управувал под дејство на алкохол, при што биле измерени 1,69 промили алкохол во крвта.
По наредба на јавен обвинител, Д.Н. е приведен, а по целосното документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.
