Дека се вршел вонреден инспекциски надзор од страна на ДСЗИ, во изјава за МИА потврди в.д. директорот на болницата Мухсин Арифи, кој најави повеќе детали по однос на ова прашање подоцна во текот на денот. Во соопштението до јавноста, Арифи наведе дека агресивните пациенти, кои се тепаа меѓусебе, се сместени на судско одделение каде што се третираат пациенти со изречена мерка од надлежен суд
Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) денеска изврши вонреден инспекциски надзор во Психијатриската болница „Скопје“ во Бардовци откако на социјалните мрежи деновиве се раширија видеоснимки на кои се гледа како пациенти во болницата тепаат новодојден пациент.
Дека се вршел вонреден инспекциски надзор од страна на ДСЗИ, во изјава за МИА потврди в.д. директорот на болницата Мухсин Арифи, кој најави повеќе детали по однос на ова прашање подоцна во текот на денот.
Во соопштението до јавноста, Арифи наведе дека агресивните пациенти, кои се тепаа меѓусебе, се сместени на судско одделение каде што се третираат пациенти со изречена мерка од надлежен суд.
„По настанатиот случај, од моја страна се преземени сите безбедносни мерки за заштита на пациентите и известени се надлежните институции кои во моментот се грижат за безбедноста. Очекувам во најкраток рок институционално решавање на случајот, а во меѓувреме започнав со воведување мерки и механизми за превенција на вакви идни немили настани“,
стои во соопштението до јавноста кое директорот на психијатриската болница го објави на својот профил на Фејсбук.
Крајната цел, порача Арифи, е да се постигне трајно решение за подигнување и одржување на безбедноста во болницата и подобрување на условите за нејзино нормално функционирање.
На социјалните мрежи деновиве се појавија видеоснимки на кои се гледа како пациенти хоспитализирани во психијатриската болница во Бардовци тепаат новодојден пациент, а тепањето го снимаат со мобилен телефон.