Според последните податоци од СЗО, Кина има 63 новопријавени случаи на заразени и два смртни случаи
Кинескиот претседател Си Џинпинг предупреди на ризикот од втор бран од ширење на коронавирусот во земјата, бидејќи пандемијата продолжува да се шири, објави државната новинска агенција Синхуа.
Тој на состанокот на највисокото тело на кинеската комунистичка партија вчера рекол дека во услови на надолен тренд на глобалната економија, „нестабилните и неизвесните фактори“ се зголемуваат.
„Се појавија нови тешкотии и предизвици за продолжување на економскиот и социјалниот развој на Кина“,
рекол Си и ги повикал кинеските власти да внимаваат на случаите на ковид-19 кои се увезени од странство и да спречат повторна појава на епидемијата дома, пренесе Синхуа.
Ситуацијата со коронавирусот во Кина е под контрола, со неколку нови случаи на локална трансмисија и мал број смртни случаи во последните неколку недели. Вчера во Вухан, епицентарот на заразата, официјално беше прогласен крај на карантинот.
*поврзана вест За дури 300 отсто се зголемил бројот на барања за венчавки во Вухан
Во светот со коронавирус се заразиле вкупно 1 519 484 луѓе, од нив 88 549 починале, а 330 916 луѓе се излечиле.
Кинеската статистика покажува дека вкупно во оваа земја се заразиле 81 865 луѓе од кои 77 370 се излечиле, а 3 335 починале. Според последните податоци од СЗО, од Кина има 63 новопријавени случаи на заразени и два смртни случаи.
*поврзана вест Стапката на смртност од коронавирус во Македонија е 4,86%, во Италија 12,7%, а во Германија 1,91%