На пример, храната и безалкохолните пијалаци во Македонија се 62 отсто од просекот во Германија, со што се најевтини меѓу сите 40 европски земји. Тука се пресметани просечните цени на лебот, месото, рибата, млечните производи и јајцата, маслото и маслените производи. Убедливо најевтини во Европа се и цените што ги имаат овошјето, зеленчукот и компирите во Македонија. Тие се на ниво од 45 отсто од цените во Германија
Северна Македонија е меѓу најевтините земји во Европа и е рекордер по ниски цени во многу категории, покажуваат податоците на германскиот завод за статистика Дестатис. Германските статистичари ги анализирале цените на голем број производи и услуги во различни категории во 40 европски држави. Според податоците, заклучно со март годинава, Северна Македонија е делумно поскапа само од Турција, а поевтина од сите други земји на европскиот континент, пренесува „Дојче веле“.
Дестатис ги анализирал цените на храната, пијалаците, тутунот, облеката, енергијата, транспортните трошоци, телекомуникациите, културниот живот и забава, како цените во хотелите и рестораните. Речиси во сите категории, анализите покажале дека Македонија нуди најниски цени, а во некои категории е и убедливо најевтина. За основа на истражувањето се земени цените во Германија и тие се појдовна точка (100 отсто) од која се прави споредбата со други држави.
Севкупно, во сите категории, цените во Македонија се на ниво од 49 отсто од цените во Германија – или обратно, тие се за 51 отсто поевтини. Генерално е поевтино само во Турција каде што нивото на цените е 39 отсто од германските.
На пример, храната и безалкохолните пијалaци во Македонија се 62 отсто од просекот во Германија, со што се најевтини меѓу сите 40 европски земји. Тука се пресметани просечните цени на лебот, месото, рибата, млечните производи и јајцата, маслото и маслените производи. Убедливо најевтини во Европа се и цените кои ги имаат овошјето, зеленчукот и компирите во Македонија. Тие се на ниво од 45 отсто од цените во Германија. За споредба, во регионот на Балканот, цените во Србија се на ниво од 86 отсто од германските, во Хрватска – 76 отсто, во Грција – 6 отсто, а во Албанија 77 отсто.
Цигарите, облеката и чевлите се поевтини само во Турција
Цигарите и производите од тутун се поевтини само во Турција. Цените на тутунот во Македонија се речиси една третина од цените во повеќето членки на ЕУ, а во однос на некои држави се поевтини и за пет пати. Истото важи и за облеката и чевлите. Поевтини цени во тие сектори на европско тло има само во Турција, иако цените во Македонија не се далеку од европскиот просек.
Во делот на енергетиката, четири европски држави се поевтини од Македонија. Тоа се: Турција, Србија, Албанија, Црна Гора, а Унгарија има идентични цени. Во овој дел се пресметуваат цените на струјата, гасот и други горива.
Најевтин одмор во Албанија
За телекомуникациски трошоци помалку од македонските граѓани плаќаат само Турците, Полјаците и Романците. Шест европски држави имаат поевтини алкохолни пијалaци од Македонија и тоа: Унгарија, Германија, Австрија, Италија, Полска и Романија.
За хотели и ресторани помалку од Македонија ќе треба да одвоите доколку одите во Турција, Бугарија или во Албанија. Сепак, она што ќе го платите во Македонија за тие услуги е 51 процент поевтино од Германија, и повеќе од двојно помалку од земји како Швајцарија, Исланд, Норвешка или Данска. Цените на хотелските и ресторанските услуги во Грција, како традиционална дестинација за одмор на македонските граѓани, се на ниво од 7 отсто од германските, или точно 30 проценти повисоки од оние во Северна Македонија. Во Хрватска е нешто поскапо, таму за овие услуги ќе платите 34 отсто поскапо од дома. Најевтино е во Албанија и Турција, каде што ќе минете за 5 проценти поевтино одошто во Македонија.