Ова, како што посочи првиот човек на полицијата, Оливер Спасовски, е уште една потврда за меѓусебното пријателство и партнерство на земјава и САД, но и за придонесот кој С Македонија го има во НАТО-алијансата
Министерството за внатрешни работи (МВР) во координација со амбасадата на Соединетите Американски Држави во земјава, денеска спроведе тактичка вежба „Лебед 2023“.

Ова, како што посочи првиот човек на полицијата, Оливер Спасовски, е уште една потврда за меѓусебното пријателство и партнерство на земјава и САД, но и за придонесот кој С Македонија го има во НАТО-алијансата.


„Силно ја цениме поддршката која нашиот главен стратешки партнер Соединетите Американски Држави ни ја даваат преку Амбасадата на САД во сите процеси кои значат безбедна и напредна држава, особено во евроинтегративните процеси“,
напиша Спасовски во објава на Фејсбук, во која информира за тактичката вежба.

Во објавата на Фејсбук, Спасовски потенцира дека пријателството меѓу Северна Македонија и САД е гаранција за стабилноста не само на земјава, туку и на регионот.
„Со ова партнерство, со храбрите државнички одлуки со кои го заштитивме националниот идентитет и со функционалните политики на дијалог и разбирање, денеска Република Северна Македонија е фактор на стабилност и на безбедност во регионот и Европа“,
додава Спасовски.
Во фејсбук-објавата министерот ѝ се заблагодарува на амбасадорката Агелер за континуираната поддршка во меѓусебната соработка, која, уверува Спасовски, ќе продолжи со ист интензитет.