Ова утринава го објавија бугарските медиуми, велејќи дека секретарот на сега веќе поранешниот бугарски клуб „Цар Борис Трети“, доаѓа да сведочи на утрешното рочиште во Судот во Охрид за случајот за неговото претепување на 19 јануари
Пендиков не присуствуваше на претходните две рочишта од овој судски процес поради, како што соопшти неговиот адвокат Стефан Камишевски, здравствени причини
Христијан Пендиков денеска по првпат ќе дојде во родниот Охрид откако беше претепан во јануари годинава.
Ова утринава го објавија бугарските медиуми, велејќи дека секретарот на сега веќе поранешниот бугарски клуб „Цар Борис Трети“, доаѓа да сведочи на утрешното рочиште во судот во Охрид за случајот за неговото претепување на 19 јануари пред кафе-бар на кејот на Охридското Езеро.

Пендиков не присуствуваше на претходните две рочишта од овој судски процес поради, како што соопшти неговиот адвокат Стефан Камишевски, здравствени причини. Адвокатот на Пендиков најави дека тој ќе се појави на судско рочиште да сведочи веднаш штом ќе заврши со лекувањето во Софија.
На последното рочиште, кое се одржа на 5 април, првообвинетиот за нападот на Пендиков, Илија Спасевски, рече дека не се чувствува виновен откако претставник на Обвинителството го прочита обвинителниот акт, според кој се товари за извршено кривично дело „нанесување тешки телесни повреди“.
Адвокатот на обвинетиот, Димитрија Цобоски, пак, посочи дека одбраната не спори оти Пендиков критичната вечер бил повреден, но дека во доказната постапка ќе успее го убеди Судот дека нема докази за зборови од омраза, како што сака тоа да го наметне Обвинителството.
Христијан Пендиков, кој од јануари престојува во Софија, на почетокот на месецов стана бугарски државјанин.
На свечена церемонија, на која се интонираше бугарската химна, потпретседателката на Бугарија, Илијана Јотова, на 10 мај му ги врачи бугарските лични документи на охриѓанецот Христијан Пендиков, велејќи дека е горда што и покрај насилството и заканите, Пендиков останал доследен на своето потекло.
Христијан Пендиков, пак, заблагодарувајќи се на бугарски јазик, се пожали дека Бугарите како него во Македонија трпат притисоци од македонските власти.
Откако беше претепан на 19 јануари пред кафе-бар во Охрид, Пендиков со бугарски владин авион експресно беше пренесен на лекување во Софија, а бугарските власти му обезбедија престој и лично обезбедување.