Ако актуелниот режим на Киев остане на власт, во наредниот период ќе има, на пример, три години примирје, две години конфликт и потоа сè одново, убеден е заменик-претседателот на рускиот Совет за безбедност, Димитриј Медведев
Поранешниот руски претседател и актуелен заменик-шеф на рускиот Совет за безбедност, Дмитриј Медведев, смета дека воениот конфликт меѓу Русија и Украина ќе трае долго време, можеби и со децении.

Медведев е убеден дека ако актуелниот режим на Киев остане на власт, во наредниот период ќе има, на пример, три години примирје, две години конфликт и потоа сè одново.
„Конфликтот во Украина може да продолжи со децении доколку не се елиминира самата суштина на нејзината неонацистичка влада“,
изјави тој за новинарите за време на посетата на Виетнам, јави ТАСС.
Минатиот месец Медведев изјави дека светот веројатно е на работ на третата светска војна, велејќи дека таа не е неизбежна, но дека ризиците од нуклеарен конфликт се зголемуваат и се посериозни од загриженоста за климатските промени.