По повеќе од два месеца целосна блокада, кинескиот град Вухан, кој беше прво главно жариште на коронавирусот, денеска повторно е отворен.
Кинеските власти ги отворија патишта што излегуваат од градот и дозволија влез и излез од градот.
Вухан, кој има повеќе од 11 милиони жители, беше „запечатен“ на 23 јануари – потег со кој кинеските власти најавија агресивни мерки за справување со ковид-19.
Од почетокот на пандемијата во Вухан биле заразени повеќе од 50 000 луѓе, а повеќе од 2 500 починаа – што е околу 80 отсто од вкупниот број на смртни случаи во Кина.
Сепак, рестриктивните мерки ќе се укинуваат постепено бидејќи, за разлика од Вухан, во некои помали кинески градови сè уште важат забраните за движење поради стравот од втор бран од ширење на вирусот.
И централната кинеска провинција Хубеј објави дека ќе продолжи да спроведува мерки против ковид-19, а училиштата и градинките ќе продолжат со одложување на почетокот на полугодието.
Кинеските власти најмногу стравуваат од асимтоматските носители на вирусот, но и од луѓето кои се враќаат од други држави, потенцирајќи дека најголем дел од новозаболените во последниот период биле „увезени“.
Сепак, вчера, на пример, кинеските власти информираа дека во текот на цело деноноќие немало ниту едно починато лице од коронавирус.