Седумдесет и двегодишниот С.П., кој издржувал казна затвор во казнено-поправната установа „Идризово“, вчера е пронајден мртов.
Според информациите на полицијата, во текот на вчерашниот ден било пријавено дека околу 9 часот лицето С.П. било пронајдено мртво, без траги на насилство.
На местото на настанот увид извршила екипа од СВР Скопје, а за настанот е известен и јавен обвинител, по чија наредба телото е предадено за обдукција.