Во однос на водостоите на Дојранското, Охридското и Преспанското Езеро, мерењата на УХМР покажуваат дека се во рамки на просекот за мај

Последните мерења за нивото на реката Вардар, кои Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) ги има направено утринава во 7:30 часот, покажуваат дека поради обилните врнежи од дожд изминатите денови има зголемено ниво кај Јегуновце, кај Железничкиот мост во Скопје и во Велес.
Денешното зголемено ниво на реката Вардар е во однос на просекот за мај кој е од периодот 2001-2020 година, информираат од УХМР.
Според мерењата на УХМР зголемувања на водостоите се измерени и на реката Треска кај Македонски Брод, на Пчиња кај Катлановска бања, Брегалница кај Штип и на реката Струмица кај Сушево.
Пониско ниво од просекот за мај има реката Црн Дрим кај Ложани, Крива Река кај Крива Паланка и Брегалница кај Берово.
Во однос на водостоите на Дојранското, Охридското и Преспанското Езеро, мерењата на УХМР покажуваат дека се во рамки на просекот за мај.