Локомотива на „Македонски железници“ се запали попладнево на отворена пруга пред влезот во железничката станица во градот Велес, објави порталот „Курир“. Според информациите, станува збор за електрична локомотива која изгорела целосно. Пожарот е изгаснат од страна на противпожарни екипи и за среќа во него нема повредени лица. Во моментот се прават увид и проценки за оштетеност на пругата.
Засега нема официјални информации за пожарот од страна на надлежните институции.
