Кампањата за доброволно предавање оружје и муниција во Србија започна по двете масовни убиства – во белградското основно училиште „Владислав Рибникар“ и во селата во околината на Младеновац и Смедерево
Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска во Дуваниште, каде што беше изложен голем дел од арсеналот оружје што граѓаните на Србија доброволно го предадоа, рече дека од 13 500 парчиња оружје што се предадени има и над 1 750 гранати од различни типови.
Вучиќ го посети Дуваниште заедно со министерот за внатрешни работи Братислав Гашиќ и им се заблагодари на граѓаните за нивното одговорно однесување и на полицијата за инволвираноста во акцијата. Тој кажа дека на српското МВР му им биле предадени и автоматски пушки и снајпери.
„Јас сум горд на оваа акција, на резултатите, бидејќи е потребна за поголема безбедност на нашите граѓани“,
рече Вучиќ.
Тој кажа дека државата мора да направи сè што е потребно за да ја зголеми безбедноста по двете трагедии што ѝ се случија на земјата и додаде дека по 8 јуни – датумот до кој илегалното оружје и муниција можат да ѝ се предадат на полицијата без никакви последици – ќе следуваат репресивни мерки за оние што оружјето нема да го предадат своеволно. Воедно, додаде дека ловџиите и ловот во Србија се нешто сосема поинакво од оние што имаат автоматски пушки.
Кампањата за доброволно предавање оружје и муниција во Србија започна по двете масовни убиства – во белградското основно училиште „Владислав Рибникар“ и во селата во околината на Младеновац и Смедерево.