Доцна синоќа на регионалниот пат Струга-Дебар загина 21-годишно момче откако изгубило контрола над возилото, по што излетало од коловозот. Возачот од струшкото село Велешта им подлегнал на повредите на местото на несреќата, а смрт констатирал доктор од Медицинскиот центар во Струга.
„На 14.05.2023 околу 00.50 часот на регионалниот пат Струга-Дебар, на влезот во с.Велешта, А.О.(21) од с. Велешта, управувајќи патничко возило ‘фолксваген голф’ со струшки регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал од коловозот“,
велат од МВР.
Вчера едно лице загина, а едно беше потешко повредено во сообраќајна несреќа што се случи вчера во 18:40 часот се случила на патот од Струмица за Радовиш. Сообраќајната несреќа се случила на влезот во селото Владевци, на крстосницата за селото Сушево.
„Загина сопатник на мотоцикл, а возачот е потешко повреден и е пренесен во струмичката болница“,
изјавија од СВР Струмица.
Вчера, исто така, во сообраќајна несреќа што се случила вчера попладне на паркинг-просторот на меѓународниот аеродром „Скопје“, едно лице се здобило со потешки повреди, додека пак други две лица со полесни повреди.
Сообраќајната несреќа, како што информираат од Министерството за внатрешни работи, се случила помеѓу патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки и автомобил „форд фокус“ со прилепски регистарски таблички.
По несреќата, како што информираат од МВР, возачот на „фолксваген голф“, 41-годишниот А.А. и неговите сопатници, 66-годишната Ќ.А. и еден малолетник, двајцата од Скопје, биле пренесени во комплексот клиники „Мајка Тереза“. На Ќ.А. ѝ се констатирани тешки телесни повреди, а на А.А. и на малолетниот сопатник им се констатирани телесни повреди.