Во Скопје времето денеска ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд и со умерен до засилен југоисточен ветер. Температурата наутро ќе биде 12, а во текот на денот ќе се искачи до 18 Целзиусови степени

Времето денеска ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од југоисточен правец, особено вдолж Повардарието и во Пелагонија, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Температурата наутро ќе биде од 7 до 13 Целзиусови степени, а во текот на денот од 14 до 18 Целзиусови степени.
Во Скопје, времето денеска, ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд и со умерен до засилен југоисточен ветер. Температурата наутро ќе биде 12, а во текот на денот ќе се искачи до 18 Целзиусови степени.
Од УХМР за утре најавуваат дека времето ќе биде променливо облачно и потопло со повремени врнежи од дожд, а попладне ќе има услови за појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен, вдолж Повардарието засилен ветер од југоисточен правец. Температурата утре ќе биде од 9 до 12 Целзиусови степени наутро и од 17 до 23 Целзиусови степени во текот на денот.
Во Скопје и утре времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд и со умерен до засилен југоисточен ветер, а температурата ќе биде до 21 Целзиусов степен.