Членот на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Димитриевска-Кочоска, при денешната теренска активност на партијата изјави дека со ставањето европско знаменце на закон кој веќе е усогласен со европското законодавство, СДСМ и ДУИ ги кршат законите. Таа додаде дека СДСМ наместо да престане да се плаши од ДУИ и да им кажат стоп на ваквото однесување, тие продолжуваат по чекорите кои ги прави ДУИ.
Димитриевска-Кочоска вели дека „потчинетиот“ СДСМ влегува во многу лоша состојба со тоа што ги кршат законите и нормите кон европското членство, бидејќи во Собранието има поднесен закон за работни односи кој треба да се менува иако е веќе усогласен со европското законодавство, а притоа, во исто време СДСМ и ДУИ се фалат дека во моментов имаме скрининг од страна на Европската Унија токму за усогласувањето на законите со европските закони.
„Во ситуацијава имаме три клучни моменти. Прво, менуваат закон кој веќе еднаш бил усогласен. Второ, ставаат европско знаменце и прават злоупотреба на европското знаменце и третата ситуација е тоа што со овој закон во суштина комплетно се менува нешто што веќе било пракса на некој начин, односно имаме судска одлука која кажува дека во неделата треба да имаме 40 часа работни саати“,
рече Димитриевска-Кочоска.
Таа кажа и дека со ставањето во процедура за гласање на закон што веќе еднаш бил усогласен, се дава можност во иднина која било држава од ЕУ да може да ги попречи нашите понатамошни преговори заради тоа што може да каже дека менуваме закони кои веќе се усогласени, но и дека потажно од сѐ е што мотивот кој го користи власта во оваа ситуација се корупцијата и криминалот.