Кремљ ова го нарече „планиран терористички чин и обид за атентат“, но и се закани дека го задржува правото да преземе одмазднички мерки кога ќе смета дека тоа е неопходно
Русија соопшти дека синоќа соборила две беспилотни летала кои го нападнале Кремљ во Москва и ја обвини Украина дека се обидела да го убие рускиот претседател Владимир Путин, јави Би-би-си.
На Телеграм и на Твитер се појавија и видеоснимки од наводниот напад на кои се гледа како објект лета над Кремљ пред да се случи помала експлозија. Меѓутоа, веродостојноста на снимките сè уште не е потврдена, иако преку свој профил ја сподели и украинскиот пратеник Олексеј Гоноченко.
Russia wanted to capture Kyiv in three days, and now the Kremlin is on fire pic.twitter.com/e84pap2zM9
— Oleksiy Goncharenko (@GoncharenkoUa) May 3, 2023
Украина, пак, соопшти дека нема никаква врска со нападот со дрон.
Русија тврди дека беспилотните летала ги неутрализирана, а портпаролот на Путин наведе дека рускиот претседател во тој момент не бил во Кремљ.
„Синоќа режимот во Киев се обиде да изврши удар врз резиденцијата на претседателот на Руската Федерација во Кремљ со беспилотни летала“,
соопшти прес-службата на Путин.
Кремљ ова го нарече „планиран терористички чин и обид за атентат“, но и се закани дека го задржува правото да преземе одмазднички мерки кога ќе смета дека тоа е неопходно.
Уредникот на Би-би-си Русија, Стив Розенберг, пак, во коментар констатира дека Путин има многу високо ниво на заштита и зачудувачки е да се мисли дека со дронови би можело да се стигне во близина на Кремљ.