Бројот на потврдени случаи на коронавирус во Африка достигна 9 198 лица. Од ковид-19, на овој континент, досега починаа 414 луѓе, а 813 оздравиле, соопшти денеска Африканската унија.
Од 54 држави на континентот, случаи на ковид-19 пријавиле 51 земја.
Најмногу случаи има во Јужноафриканската Република – 1 655 заразени и 95 смртни случаи, а по неа следува Алжир со 1 320 случаи и 90 починати и Египет со 1 173 потврдени заразени и 78 смртни случаи.