Во овој момент Бектеши не потврди дали евентуално се планира замрзнување на цените на месото. Првично да расчистиме со овошјето и зеленчукот до крајот на наредната недела, рече тој, па после ќе следуваат и другите мерки

Бектеши вели дека ќе има мерки за непочитувањето на замрзнатите цени на зеленчукот и овошјето и најави дека на почетокот од следната недела надлежните институции ќе излезат со информации за непочитувачите.
„Почетокот на наредна недела мислам дека ќе имате конкретни резултати и јавноста ќе биде информирана соодветно од сите институции“,
рече министерот.
Зборувајќи на темата, тој откри дека станува збор за компании кои генерално увезуваат земјоделски производи од надвор и тие и да затворат, според него, нема да направат голема штета за државата.
„Се работи за компании кои се занимаваат со трговија, над 95 отсто се компании кои увезуваат. Кон крајот на овој месец, почетокот на наредниот, ќе имаме и домашно производство од нашите земјоделци директно. За овие компании, кажав и претходно, да почекаме до почетокот на наредната недела и знаете дека јас кога кажувам дека ќе ги објавам, јас тоа ќе го направам. Јас лично ќе ги објавам како министер ако има потреба. Не се работи за илјадници земјоделци во нашата држава, туку за десетина компании кои во последните години увезувале земјоделски производи, над 80 отсто од пазарот го покривале тие и ако се затворат тие, нема да биде голема штета за државата“,
рече денеска Бектеши.
Во врска со тоа до каде е постапката за тоа што се појавија информации дека дел од фирмите доставувале лажни фактури при увозот, министерот рече дека според неговите информации од Царинската управа, последно нешто што го знае е оти фактурите од Царина ги доставиле до нивните колеги во земјите од каде што потекнуваат земјоделските производи.
Во овој момент Бектеши не потврди дали евентуално се планира замрзнување на цените на месото.
„Првично да расчистиме со овошјето и зеленчукот до крајот на наредна недела, па после ќе следат и другите мерки. Секако на почетокот на наредната недела ќе ги имате информациите што ќе се случи“,
рече министерот.