По Северна Македонија, следна земја од регионот со најголема потрошувачка на шеќер е Хрватска со потрошувачка од 33,8 килограми по глава на жител, Грција со 31,6 килограми и Бугарија со годишна потрошувачка на шеќер од 27,5 килограми по глава на жител
Податоците се преземени од Организацијата за храна и земјоделство на ОН (ФАО) и не вклучуваат само суров шеќер, туку и количините во производите што содржат шеќер
Со годишна потрошувачка на шеќер од 36,7 килограми по глава на жител, Северна Македонија е прва во регионот по најголема консумација на благо, а високо позиционирана е во цела Европа.
Ова го покажува анализата за потрошувачка на шеќер во Европа објавена на веб-страницата „Landgeist maps“. Податоците се преземени од Организацијата за храна и земјоделство на ОН (ФАО) и не вклучуваат само суров шеќер, туку и количините во производите што содржат шеќер.

По Северна Македонија, следна земја од регионот со најголема потрошувачка на шеќер е Хрватска со потрошувачка од 33,8 килограми по глава на жител, Грција со 31,6 килограми и Бугарија со годишна потрошувачка на шеќер од 27,5 килограми по глава на жител.
Србите годишно консумираат по 22,4 килограми шеќер по глава на жител, а потрошувачката на шеќер во Црна Гора е 21,2 килограми годишно. Најмалку шеќер од регионот консумираат Словенците (19,4 кг), Албанците (18,6 кг) и граѓаните на Босна и Херцеговина (18,3 кг).
How much sugar do people in #Europe consume?
— Landgeist Maps (@landgeist) April 1, 2023
Full article: https://t.co/CAjhUzM55K#maps #GIS #dataviz #GeoSpatial #Spatial pic.twitter.com/sK3NRKTxu7
Според анализата на веб-страницата „Landgeist maps“, потрошувачката на шеќер е најголема во Западна и во Централна Европа. Со годишна потрошувачка од 48,3 килограми шеќер по глава на жител, Белгија е прва во Европа и е една од земјите со најголема потрошувачка на шеќер во светот.
Други европски земји во кои годишната потрошувачка на шеќер е над 40 килограми по глава на жител се Полска (45,7 кг), Малта (43,8 кг) и Данска (40,4 кг). Најмалку слатко, пак, се консумира во Луксембург – 10,8 килограми, што е огромна разлика во споредба со неговите соседи.