Погледнете го новото магазинско издание на емисијата „360 степени“ емитувано на 3 април 2023 г. на ТВ Алсат
Во оваа емисија објавуваме:
– Сомнежите за изборот на надзор над „Бехтел и Енка“ продолжуваат – од Министерството за транспорт побаравме список на фирми што добиле лиценца А за надзор во последните пет години со датуми кога поднеле барање и кога им било одобрено, за да видиме дали има друга компанија како „Електра солушнс“ која за четири работни дена добила лиценца ; Добивме одговор без одговор;
– Друг спорен елемент во договорот за надзор – како 24 експерти пријавени на 10 часа неделно ќе бидат на градилиштето во текот на целото работно време на „Бехтел и Енка“, како што се барало во тендерот и како што пишува во договорот;
– Од 5 200 украдени велосипеди во последните пет години МВР пронашло и вратило 510 – зошто е тешко да се откријат и украденото и крадците;
– Бугарија по петтите парламентарни избори за две години – поблиску до шести наесен или конечно до редовна влада;
– Ново издание на „Саботажа“.