Ѓукановиќ го призна поразот и му честиташе на Милатовиќ. Обраќање на новиот претседател, пак, се очекува околу 23 часот
Црна Гора доби нов претседател. По 30 години во врвот на политиката, Мило Ѓукановиќ, убедливо изгуби во вториот круг од претседателските избори од 36-годишниот Јаков Милатовиќ.
Поддржувачите на Милатовиќ, кој беше кандидат на движењето „Европа сега“ на големо слават низ улиците во повеќе црногорски градови.
„Готов е“, се слушаат скандирања во Подгорица, а се пее и: „Летње кише хладне воде, Мило оде, Мило оде“.
Celebrations in Podgorica, Montenegro. After 30 year in power, failed former president Milo Djukanovic. New president is Jakov Milatovic pic.twitter.com/ClPaUY8vUM
— Spriter (@Spriter99880) April 2, 2023
Имаше и спектакуларни огномети, а поддржувачите слават и со факели.
Podgorica pic.twitter.com/N2NFgZW4Ab
— Vojvoda Momcilo (@VojvodaMomcilo1) April 2, 2023
Ѓукановиќ го призна поразот и му честиташе на Милатовиќ. Обраќање на новиот претседател, пак, се очекува околу 23 часот.