Голема полициска акција е во тек во Скопје. Се прават претреси на дваесетина локации, а уапсени се петнаесетина криминалци, пред сè, дилери и разбојници, информира Министерството за внатрешни работи.
Од МВР потврдуваат дека во тек е полициската акција, но детали најавуваат по нејзиното завршување.
Неофицијално, цел на акцијата се најмалку 17 лица кои се поврзуваат со трговија на дрога, а досега се уапсени 15 од нив.
