Идентитетот на изгорениот човек засега не е познат
Едно лице загина во пожар во Велес што избувнал утрово околу пет часот. Се запалила куќа на улицата „Васа Кошулчева“.
При интервенцијата од пожарникарите било пронајдено изгореното тело, а собата била целосно пеплосана. Смртта на човекот била потврдена од доктори на Брза помош.
Територијалната противпожарна единица – Велес добила повик дека гори соба од куќа во 5:10 часот. Од службата за Брза помош информираат дека повикот го добиле во 5:20 часот, но кога пристигнале само била констатирана смрт кај лицето.
„Засега не се знае идентитетот на лицето, тоа дополнително во текот на денот треба да го утврди екипа од крим-техника на СВР Велес, јавен обвинител и лекар од Брза помош“,
изјави Славица Панова од службата за Брза помош.
