Дождот се очекува да продолжи и во текот на наредната недела, па така во понеделник под влијание на нов влажен и постуден бран се очекуваат нови врнежи кои во попладневните часови на повеќе места пообилни
Променливо облачно време се очекува денеска и утре во земјава. За денеска од УХМР најавуваат дека ќе има и сончеви периоди и релативно топло време.
Се очекува да дува и умерен до засилен ветер, кој во западните делови ќе биде и силен со над 70 километри на час. Во попладневните часови, пак, се очекува пороен дожд и грмежи особено во источните делови.
Утринската температура ќе биде од 4 до 10 степени, додека дневната ќе се движи од 16 до 22 степени.
Во Скопје променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од југозападен правец. Попладне во делови од скопската котлина ќе биде нестабилно со пороен дожд и појава на ретки грмежи. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 19 степени.
Утре (недела) исто така се очекува променливо облачно време, а ќе има и повремен локален дожд.
Дождот се очекува да продолжи и во текот на наредната недела, па така во понеделник под влијание на нов влажен и постуден бран се очекуваат нови врнежи кои во попладневните часови на повеќе места пообилни односно се очекува да навреме и над 30 литри на еден квадратен метар. На планините и на некои повисоки места во западните делови врнежите ќе бидат од снег и ќе се формира снежна покривка. И во следните два дена ќе преовладува студено и ветровито време со повремен дожд, а на повисоките места од снег.
