Сите шест партнери на ЕУ од Западен Балкан – Северна Македонија, Албанија, Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Косово го потврдија своето учество во договорот за заеднички набавки, што се однесува на медицинска и друга опрема за справување со коронавирусот, соопшти денеска еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји.
„Заедно се бориме против коронавирусот. Задоволен сум што сите шест партнери од Западен Балкан го потврдија своето учество во Заедничкиот договор за набавка, а четири досега го усвоија предлогот за ‘зелени линии’ кои ќе го осигураат протокот на храна и лекови“,
објави Вархеји на Твитер.