Јавниот сервис на Црна Гора заклучно со вчера ги отпушти сите вработени кои имале статус на хонорарни соработници, објави подгоричкиот весник „Вијести“.
Генералниот директор на Радио-телевизија Црна Гора (РТЦГ), Божидар Шундиќ, го известил менаџментот дека од вчера во јавниот сервис нема да работат хонорарци. Шундиќ во дописот навел дека на хонорарните соработници ќе им се даде отказно решение согласно заклучоците на Владата и итните мерки во врска со коронавирусот.
„Ве известувам дека од први април РТЦГ нема да ангажира ниту еден хонорарен соработник. Ве молам на сите да им се заблагодарите за соработката. Штом се стекнат услови, ќе бидат повторно ангажирани“,
се посочува во дописот.
Според претходни податоци, кон крајот на минатата година РТЦГ имала 723 вработени, од кои 717 со договор на неопределено време. Во претходна изјава Шундиќ оцени дека во Јавниот сервис има вишок од дури 2 509 вработени. Буџетот на РТЦГ за 2018 и 2019 година изнесувал речиси 14 милиони евра, а јавниот сервис се финансира од парите на даночните обврзници.