Максималните температури на денешниот, воедно и прв ден од пролетта, ќе се искачат и до 21 степен. За утре, пак, УХМР најави претежно облачно и дождливо време
Денеска во земјава нè очекува претежно сончево и топло време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.
Минималните температури на денешниот, воедно и прв ден од пролетта, ќе се движат во интервал од од -3 до 4 Целзиусови степени, а максималните ќе се искачат од 13 до 21 степен.
Времето во Скопје ќе биде сончево со умерена облачност. Ќе дува слаб јужен ветер.
Максималната температура во Скопскиот Регион денеска ќе се достигне до 19 степени.
За утре, пак, Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) најави претежно облачно време со повремен дожд. Дождот ќе се интензивира особено во попладневните и вечерните часови кога на места ќе биде обилен.
Дождот ќе го опфати и Скопскиот Регион каде што, исто така, се очекуваат пообилни врнежи кон крајот на денот и вечерните часови.
