Рано утрово се запалила една од галиите на Вардар во центарот на Скопје, соопшти МВР. Настанот е пријавен во полиција неколку минути пред 4 часот. Повредени нема.
„На 19.3.2023 во 3:57 часот било пријавено дека на подрачјето на Центар настанал пожар на објект – брод, во сопственост на Град Скопје. Пожарот бил изгаснат од страна на Бригадата за противпожарна заштита. Повредени лица нема, а увид врши увидна екипа од СВР Скопје“,
соопшти полицијата.