До сите земји е упатен апел да се почитуваат човековите права на мигрантите и бегалците и да не ги депортираат за време на пандемијата, туку да им обезбедат здравствена контрола
Обединети нации ја повикаа меѓународната заедница за време на пандемијата со новиот коронавирус да ги заштити мигрантите, бегалците и апатридите.. Посочувајќи ги како ризична група за време на пандемијата на ковид-19, ОН бараат итно ослободување на мигрантите и бегалците од затвор.
ОН, Комесаријатот за човекови права (УНХЦР), Меѓународната организација за миграција (ИОМ) и Светска здравствена организација (СЗО) во заедничко соопштение ја предупредија меѓународната заедница дека мигрантите и бегалците живеат во кампови и колективни центри каде што недостигаат основна здравствена заштита и хигиенски услови.
Во заедничкото соопштение се наведува дека ризичната популација треба да има еднаков пристап до тестовите и лекувањето од новиот коронавирус.
„Посебно е загрижувачка ситуацијата со бегалците и мигрантите кои се во официјален и неофицијален притвор и престојуваат во пренатрупани и несоодветни објекти. Поради смртоносната опасност од коронавирусот, тие лица под итно треба да бидат ослободени, без никакво одложување“,
се посочува во соопштението
До сите земји е упатен апел да се почитуваат човековите права на мигрантите и бегалците и да не ги депортираат за време на пандемијата, туку да им обезбедат здравствена контрола.