Србија денеска го забележа најтешкиот тен во справувањето со коронавирусот. Има седум нови смртни случаи – вкупно 23, и 115 нови заразени, соопшти директор на клиниката за Инфективни болести на Клиничкиот центар во Белград, Горан Стевановиќ, јавува ТВ Н1.
„Ова е најлош ден за Србија, но се плашам дека и не е најлошиот ден и во иднината пред нас. Ова е резултат на непочитување мерки кои ги дававме, за кои молевме и преколнувавме. Ако продолжиме да се однесуваме вака неодговорно кон себе и кон другите, ни се доближува сценаријата од Италија и Шпанија“,
рече Стевановиќ.
Ако Србите не ги почитуваат мерките, српскиот претседател Александар Вучиќ во недела на ТВ Прва најави дека ќе се воведе и 24-часовен полициски час.
Денеска епидемиологот Предраг Кон, кој е во владиниот тим за борбата против Ковид-19 за ТВ Н1 изјави дека предуслов за воведување на 24-часовна забрана на движењето е сериозно влошување на ситуацијата, што значи голем скок на бројот на заразени и починати.