По денешната седница, Кризниот штаб на Куманово одлучи да се отворат градските зелени пазари за граѓаните да може да се снабдуваат со прехранбени стоки и земјоделски производи, но, да се воведе посебен режим на работа и редарска служба.
„Се задолжува ЈП Пазаришта Куманово да ги отвори зелените градски пазари под посебен режин на работа. Тоа да се одвива под посебен режим на работа во деновите вторник, четврток и недела со работно време од 08:00 до 14:00 часот. Во тој период да се воведе задолжителна редарска служба. Купувачите да се контролираат и да носат заштитни маски, а продавачите ракавици и заштитни маски. Да се почитуваат препораките на Владата за држење минимум растојание од 2 метри помеѓу купувачите и продавачите и купувачите меѓусебе. По завршување на работниот ден задолжително да се дезинфекцира целата површина на пазарот. Напомена: Градските пазари ќе се користат исклучиво за продажба на земјоделски производи и прехрамбени продукти“,
се вели во соопштението на Кризниот штаб од Куманово.
Кризниот штаб ја задолжува општината да отвори шест пунктови за дезинфекција на возила во најкус можен рок, а бара и полицијата да асистира таму.
Дополнително, се бара МВР редовно да ги контролира банките, поштата и сите места каде се врши исплата на плати и пензии и да се почитува препораката за држење на растојание помеѓу граѓаните на најмалку 2 метри.
„Општински штаб за заштита и спасување и понатаму стои на став дека е потребен целосен карантин на територија на Општина Куманово“,
стои во соопштението.
КУМАНОВО Е НОВО ЖАРИШТЕ НА КОРОНАВИРУСОТ
Дури 23 од новите 44 потврдени случаи на ковид-19 во последните 24 часа во земјава се од Куманово. Со тоа, Куманово се изедначи со бројот на заразени со Дебар, каде што исто така досега има 47 заразени.
Со новиот развој на настаните, Куманово дефинитивно станува ново жариште на коронавирусот во земјава, со таа разлика што на териториите на Дебар и на Центар Жупа е прогласена кризна состојба, а во Куманово е забранет јавниот градски и меѓуградски патен и железнички сообраќај.
*поврзана вест(ВИДЕО) Репортажа од Куманово, трет град по број на заразени, градоначалникот бара целосен карантин