Скопската полиција апелира до сите граѓани да ги почитуваат наредбите на полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива маршот
Поради најавениот протестен марш по повод Меѓународниот ден на жената, скопската полиција најави дека попладнево ќе преземе мерки за посебен сообраќаен режим во главниот град.
Според најавите на организаторите на маршот, тој ќе започне во 18:00 часот од плоштадот „Филип Втори Македонски“.
„Трасата на движење потоа ќе продолжи по ул. „11 Март“, право на бул. „Гоце Делчев“, десно по бул. „Илинден“, лево по бул. „Св. Климент Охридски“, лево по ул. „Димитрие Чуповски“, во продолжение по ул. „11 Октомври“ и лево до паркот „Жена борец“,
информираат од Секторот за внатрешни работи (СВР) Скопје.
Скопската полиција апелира до сите граѓани да ги почитуваат наредбите на полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива маршот.