Пренасочувањето на летот, како што пишува германскиот медиум Ва.де, е поради итна медицинска помош која му била потребна на патник во авионот

Авион на „Визер“ кој летал на релација од Дортмунд до Охрид над Хрватска наеднаш го променил правецот и се упатил кон Венеција, пишува „Флајтрадар“ портал кој во реално време го прикажува воздушниот сообраќај низ светот.
Авионот, според „Флајтрадар“ летал во права линија, но на границата меѓу Хрватска и Босна и Херцеговина нагло го променил правецот и се упатил кон северна Италија.
Пилотот, како што пренесува „Флајтрадар“, ја објаснил промената како итна.
Wizzair flight #W67778 from Dortmund to Ohrid is diverting to Venice with squawk 7700 (emergency). Reason is currently unknown.
— Flightradar24 (@flightradar24) March 2, 2023
https://t.co/GXKcYN517A pic.twitter.com/KT6bjgCLtU
Пренасочувањето на летот, како што пишува германскиот медиум Ва.де, е поради итна медицинска помош која му била потребна на патник во авионот.
„Можеме да потврдиме дека на еден патник му се слошило за време на летот. Авионот мораше итно да слета на аеродромот во Венеција за да му овозможи на патникот веднаш да добие медицинска помош“,
соопшти портпаролот на аеродромот во Венеција.
Повеќе детали околу состојбата на патникот нема, единствено што е познато е дека тој моментално е во болница.