Пред кафуле во трговскиот центар „Мавровска“ викендов било исечено здраво дрво без одобрение од градските власти, објавија од Град Скопје.
„Изминатиот викенд пред деловниот објект ‘Мавровка’ од непознат сторител е исечено едно здраво дрво. Крстосницата кај Судска палата е една од најзагадените точки во градот, а дрвото е исечено без одобрение од надлежните градски служби. Градските инспектори за животна средина го истражуваат случајот и сторителот ќе биде казнет“,
велат од Градот.
Оттаму апелираат до граѓаните да ги чуваат зеленилото и другите јавни површини.