Според дневните билтени на Министерството за внатрешни работи од 27 март до денеска во Скопје се извршени три кражби во аптеки, при што се одземени пари и производи.
Во текот на вчерашниот ден околу 8:30 часот во аптека на улица „Борис Сарафов“ била извршена тешка кражба. Вработениот И.Х. (66), од скопско село Љубин, бил на своето работно место во аптеката кога се случил грабежот и веднаш потоа ја повикал полицијата.
Извршен е увид и е констатирано дека непознато лице насилно влегло во аптеката и одземало производи и пари.
На 27 март, пак, се случиле два грабежи на аптеки во речиси исто време од денот, првата во 11:05, а втората во 11:40 часот.
Првата кражба се случила во аптека во трговски центар на булевар „Партизански одреди“, а втората се случила половина час подоцна во аптека во трговски центар на булевар „Јане Сандански“.
Заедничко за двете кражби е што сторителите ги одзеле парите од вработените, заканувајќи им се со нож.
Полицијата информира дека се работи на расчистување на трите случаи.