Протестот го организираше поранешниот градоначалник на Јужна Митровица кој по завршувањето рече дека граѓаните испратиле јасна порака дека не сакаат од Косово да се направи нова Босна и оти Косово е независна, суверена и демократска држава

Во пресрет на утрешниот состанок во Брисел помеѓу српскиот претседател Александар Вучиќ и косовскиот премиер Албин Курти, во јужниот дел на Косовска Митровица се одржа протест против формирањето Заедница на српски општини (ЗСО) што е едно од клучните барања на Белград.
Косовските медиуми јавуваат дека протестот го организиран поранешниот градоначалник на Јужна Митровица, Агим Бахтири.
Тој протестот против ЗСО го најави пред два дена на Фејсбук со повик до граѓаните да се соберат и да покажат „стоечки отпор“ за заштита на територијата на Косово.
Тој денеска по завршувањето на протестот, јавува „Нова.рс“, повторно се огласи на Фејсбук и се заблагодари на одзивот. Вели дека пораката што ја испратиле била „јасна и точна“.
„Не сакаме заедница која од нас ќе направи Босна. Република Косово е независна, суверена и демократска држава и секогаш ќе биде така“,
порачува тој.
На утрешниот состанок во Брисел, се очекува на маса да биде европскиот план, познат во јавноста и како француско-германски предлог, за нормализација на односите помеѓу Белград и Приштина. Во однос на ЗСО се очекува Вучиќ да инсистира на нејзино формирање, додека Курти кој претходно се противеше, периодот е согласен, но инсистира да се усвојат забелешките што за тоа ги даде Уставниот суд на Косово.