Албанците во Македонија се една третина од населението и ваквите решенија кои се размислуваат за други реалности, сметаат од партијата, не може да се применат во нашето мултиетничко општество и консоцијативна демократија
Новиот коалициски партнер во Владата, Алијанса за Албанците, исто како СДСМ и ДУИ, го отфрли предлогот на Алтернатива за формирање заедница на албански општини во Северна Македонија.
Од Алтернатива сметаат дека ваквиот предлог е несериозен и е со тенденција да ги користи Албанците за дневна политика.
„Албанците живеат во територијален континуитет, а не во енклави, во општини каде што Албанците се апсолутно мнозинство, во општини со релативно мнозинство и во општини со помал процент. Политичките и територијалните организации кои не им служат нив не се вредни за дискусија. Србите во Косово, како и Албанците во Србија, се малцинство и овие стандарди мора да имаат реципроцитет и ние апсолутно го поддржуваме тоа. Дури сметаме дека такви права треба да имаат Унгарците и Босанците во Србија. Албанците во Македонија се една третина од вкупното население, а не малцинство. Решенијата за заштита на малцинствата кои се размислуваат за други реалности не можат да се применат во контекст на нашето мултиетничко општество и консоцијативна демократија“,
гласи ставот на Алијанса.
Од СДСМ, пак, претходно оценија дека предлогот на Алтернатива е само за собирање дневнополитички поени, несериозен и неприфатлив. Од ДУИ, пак, го нарекоа патетичен, антиамерикански и антиалбански.
Од ЛДП, пак, рекоа дека ваква идеја само создава групирања и поделби и се коси со вредностите за либерално-демократско општество.
Единствено, поддршка даде Изет Меџити од „огнената група“ во ДУИ велејќи дека ако ваквиот модел се примени во Косово, ќе има домино-ефект и во регионот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ:
ЛДП: Не треба ни да се помисли за заедница на албански општини, а не пак да се промовира