До овој момент „Мој термин“ ги има преземено податоците заклучно со денешен датум, 20 февруари 2023. Сите платени придонеси од сите обврзници се евидентирани во „Мој термин“ и сите здравствени работници и аптеки имаат можност да го проверат статусот на осигурување, информираат од ФЗОРСМ

Од Фондот за здравствено осигурување информираат дека активно работат на ставање во функција на системот за исплата на плати, породилни боледувања и други рефундации. Оттаму очекуваат дека во текот на денот ќе се вратат во функција и другите системи.
Од Фондот за здравствено осигурување денеска информираа дека системот „Мое осигурување“ е ставен во функција за осигурениците од целата држава, но поради технички приспособувања во целосна функција ќе биде ставен до крајот на денот.
„До овој момент ‘Мој термин’ ги има преземено податоците заклучно со денешен датум, 20 февруари 2023. Сите платени придонеси од сите обврзници се евидентирани во ‘Мој термин’. Ова значи дека сите здравствени работници и аптеки имаат можност да го проверат статусот на осигурување“,
соопштија денеска од ФЗОРСМ.