Периодот на стабилно и топло време ќе продолжи и во наредните денови со дневни температури кои на повеќе места ќе бидат над просекот за овој период од годината
Денеска времето во земјава ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаба до умерен ветер од западен, а вдолж Повардарието од северозападен правец, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Минималната температура ќе се движи во интервал од минус четири до два Целзиусови степени, а максималната ќе достигне од 15 до 20 степени.
Во Скопје според прогнозата на УХМР ќе биде сончево и топло со мала облачност и со слаб до умерен ветер од северозападен правец. Максималната температура во главниот град ќе достигне до 17 Целзиусови степени.
Периодот на стабилно и топло време ќе продолжи и во наредните денови со дневни температури кои на повеќе места ќе бидат над просекот за овој период од годината. В понеделник синоптичарите најавуваат преодно зголемување на облачноста, со умерен до засилен ветер од северозападен правец и благ пад на дневните температури.