Оттаму појаснуваат дека станува збор за неправосилно решение на кое странките поднеле жалба по која сè уште не е одлучено. За решението за кое Јовановски тврди дека е фалсификувано, пак, од судот велат дека тоа било донесено од судијата Ставрев, но бидејќи тој заминал на боледување, било потпишано од вториот судија во одделот – Бранка Наумоска, согласно судската пракса и правното мислење на Врховниот суд
„Истиот (Бојан Јовановски) за целиот овој период, почнувајќи од 25.07.2022 година, со неколку прекини, до денес е времено згрижен во соодветна клиника. Заради сето тоа, судот апелира да не се манипулира со јавноста на морбиден и монструозен начин, како што квалификува Јовановски, особено што се злоупотребува и името на покоен судија“, се наведува во соопштението од Кривичен
Основниот кривичен суд Скопје како неосновани и манипулативни ги отфрли тврдењата на Бојан Јовановски познат како Боки 13, кој преку својот правен тим денеска обвини дека врз него се врши тортура од страна на судот и изнесе обвинувања за фалсификување на решението со кое му се одбива барањето за прекин на издржувањето на затворската казна поради влошена здравствена состојба.

Од скопскиот Кривичен суд велат дека станува збор за манипулирање со јавноста, со Законот за кривична постапка и со уставно загарантираните права и слободи на осудениот, а на штета на судот и на покојниот судија Огнен Ставрев, кој почина на 4 февруари.
Оттаму појаснуваат дека станува збор за неправосилно решение на кое странките поднеле жалба по која сè уште не е одлучено. За решението за кое Јовановски тврди дека е фалсификувано, пак, од судот велат дека тоа било донесено од судијата Ставрев, но бидејќи тој заминал на боледување, било потпишано од вториот судија во одделот – Бранка Наумоска, согласно судската пракса и правното мислење на Врховниот суд.
„Најпрво, се работи за неправосилно решение на кое странките веќе поднеле жалба по која треба да одлучува Кривичниот совет. Конкретното решение е донесено од судијата Ставрев по анализа на целокупната медицинска документација и мислења. Но, со оглед дека, заради здравствени причини судијата замина на боледување, писмено изготвеното решение било потпишано од вториот судија во одделот, судија – Бранка Наумоска, користејќи ја претходно усогласената судска пракса и правното мислење на Врховниот суд на РСМ, а заради итноста на постапката и пред се доследно почитување на правата на осудените лица“,
се наведува во соопштението.
Во врска со дополнително доставените мислења од страна на правниот тим на Јовановски, согласно Судскиот деловник, тие мора да бидат примени во судот и покрај тоа што се доставени по донесување на решението за да бидат разгледани од Кривичниот совет при одлучување по жалбата, а во корист осудениот Јовановски.
Заради целосно запознавање со случајот правниот тим на Јовановски, се наведува понатаму во соопштението од скопскиот Кривичен суд, потребно е до медиумите да ја достави целокупната медицинска документација, вклучувајќи го и мислењето на лекарскиот колегиум од повеќе професори од Универзитетската клиника за дигестивна хирургија изготвено на 23 јануари оваа година, дадено по барање на судот.
„Во кое (мислење) е наведено дека `општата здравствена состојба на осуденото лице не е компромитирана со оглед на неговите претходни зафати и е потребно нејзино понатамошно следење`, како и мислењето на надлежниот Јавен обвинител кој смета дека врз основа на приложената документација, барањето за прекин треба да биде одбиено“,
се наведува во соопштението од основниот Кривичен суд Скопје.
Судот во реакцијата на обвинувањата на Јовановски посочува и дека јавноста треба да биде запознаена дека тој во изминатите шест месеци со дозвола на судот бил неколку пати хоспитализиран и му биле дозволени сите неопходни прегледи.
„Истиот (Бојан Јовановски) за целиот овој период почнувајќи од 25.07.2022 година, со неколку прекини, до денес е времено згрижен во соодветна клиника. Заради сето тоа судот апелира да не се манипулира со јавноста на морбиден и монструозен начин, како што квалификува Јовановски, особено што се злоупотребува и името на покоен судија“,
се наведува во реакцијата од Кривичниот суд.
Во дописот до медиумите преку неговите адвокати Јовановски денеска обвини дека наместо законита одлука темелена на докази добил судско решение за кое изразува сомнеж дека е фалсификувано и антидатирано по директна наредба на претседателот на Основниот кривичен суд Иван Џолев.
Според Јовановски, судското решение со датум од 31 јануари 2023 година не било потпишано од покојниот судија Огнен Ставрев, кој почина на 4 февруари, бидејќи, како што тврди повикувајќи се на решението, на него имало потпис со апостроф кој не коинцидирал со потписот на покојниот судија.
Во прилог на реакцијата од Кривичен за обвинувањата од Јовановски, пак, доставија и линк до правното мислење на Врховниот суд според кое судот постапувал во врска со решението што го изготвил покојниот судија Ставрев, а го потпишала судијката Наумоска.
Според правното мислење, кога судија е времено оддалечен од вршење на судиската функција, а во законот нема експлицитна одредба што со предметите кои му се доделени во работа, ќе се постапува на следниот начин:
- во предметите каде е објавена одлуката, а писмено не е изготвена и потпишана од судијата, со одлука претседателот на судот ќе определи судија, кој писмено ќе ја изработи одлуката, во состав на судот – советот кој го пресудил предметот и ќе ја потпише со запирка
- во предметите каде одлука не е објавена, и кај оние предмети каде главниот претрес е завршен, одлуката не е објавена, а е изготвена во АКМИС и не е верификувана, ќе се преотвори нов главен претрес и ќе се донесе и објави одлука од судијата – (советот) на кој тој предмет му е доделен во работа
Јовановски во „Идризово“ издржува правосилна затворска казна од девет години за „Рекет“, случај во кој на седум години беше осудена и поранешната специјална обвинителка Катица Јанева.