Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Мицевски рече дека пратениците од власта од срам бегаат затоа што цел ден треба да слушаат што се не изработила оваа ненародна власт во државата

Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски на денешната собраниска седница рече дека СДС сама себе се блокира и не може да избере Влада.
„Па како ќе се одбере Влада кога има три пратеници од СДС во Собрание присутни од партијата од која доаѓа вицепремиерот и меѓународен секретар и обвинува дека без аргументи зборувала опозицијата”,
рече Мицевски.
Обвинувањата на Мицевски доаѓаат откако потпретседателот на Собраниеот Горан Мисовски, кој ја водеше денешната седница, закажа нејзино продолжение вечерва во 21:30 часот, но доцнеше 15 минути.
„Потпретседателе закажавте почеток на седницата за 21:30 часот, а касните 15 минути. Потоа излегува секретарот за меѓународни односи на СДС и вицепремиер Маричиќ и обвинува дека опозицијата нема аргументи и го блокира Собранието за да не може да се одбере Влада”,
рече Мицевски.
Мицевски на Мисовски му посочи дека од една страна обвинува за блокада од опозицијата, а од друга страна пред 10 дена на една национална телевизија велеле дека Собранието работи и дека сме донеле 374 закони, 140 одлуки и 20 ратификации.
Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Мицевски рече дека пратениците од власта од срам бегаат затоа што цел ден треба да слушаат што се не изработила оваа ненародна власт во државата.