Фудбалерот Пионе Систо возел 27 часа за да ја напушти Шпанија и да стигне безбедно во родниот Копенхаген во Данска. Систо се исплашил од состојбата во Шпанија поради коронавирусот, но не можел да ја напушти земјата авионски, поради суспензијата на сите летови.
Единствена шанса му била да седне во автомобилот и да вози 3000 километри од шпнаскиот град Виго до Копенхаген. Управата на неговиот клуб Селта најави дека ќе следува казна за него штом се врати во клубот и екипата почне со тренинзи.
Во Шпанија во изминатите 24 часа вкупно 832 лица починале од коронавирусот, соопшти шпанското Министерство за здравство. Со тоа, бројот на смртни случаи во Шпанија достигна 5 960 лица, а вкупниот број на регистрирани заболени лица е 72 248.
Шпанија е една од најпогодените земји од ковид-19 по Италија, каде исто така рапидно продолжува да расте стапката на смртност.