Хотелот „Молика“ на Пелистер, кој е во сопственост на АД ЕСМ, од денеска ќе биде државен карантин за 90 лица кои ќе се вратат назад во земјава од други земји.
Лицата се очекува во текот на денот да пристигнат на скопскиот аеродром и до вечерта да бидат организирано пренесени до хотелот.
„Транспортот и сместувањето ќе бидат извршени согласно протоколите на министерствата за надворешни работи, за внатрешни работи и за здравство, додека од страна на хотелот ќе бидат обезбедени сите услови за престој за периодот додека трае пропишаната изолација“,
велат од АД ЕСМ.
За овие потреби, од страна на АД ЕСМ на располагање се ставени и хотелите „Попова Шапка” и „Славија” на Попова Шапка, каде во текот на утрешниот ден се очекува да бидат сместат граѓани за кои беше обезбедено организирано враќање од странство.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ:
(ФОТО) Граѓани кои слетаа од Малта се сместени во карантин во хотел во Битола
Револт за првиот државен карантин во Битола – Општината апелира на солидарност
Влада: Граѓаните сместени во државните карантини не се закана за никого