Во тек се антитерористичките проверки
До овој момент во Министерството за внатрешни работи (МВР) е пријавено дека дојави за бомби денеска се пристигнати во вкупно 18 основни и средни училишта во Скопје.
„Денеска (09.02.2023) до 13:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на електронска адреса на 18 основни и средни училишта на подрачјето на Скопје е упатена закана за поставена експлозивна направа. Веднаш по добиената пријава, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на училиштата, во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случајот“,
велат од МВР.
Вчера цел на дојавувачите беа 16 школи во Скопје, како и три трговски центри (ГТЦ, „Ист гејт мол“ и „Сити мол“), МРТВ, Транспортниот центар и „Џевахир сити“.
Во вторник (7 февруари), пак, закани пристигнаа во дури 47 училишта во Скопје, а претходниот петок (3 февруари) во 10 средни школи.
Сите дојави досега се покажаа како лажни.