Утрово Берово, Маврови Анови, Крива Паланка, Битола, Прилеп, Крушево, Скопје и Куманово се градови каде што температурите биле под нулата

Попова Шапка денеска наутро има највисока снежна покривка од 74 сантиметри, но исто така е и најстудено со измерени минус 8 Целзиусови степени.
Температури под нулата, утрово биле измерени и во други градови. Во Берово, утрово во 8:30 часот било минус 6, а следната најниска била во Маврови Анови – минус пет. Потоа, со минус четири Целзиусови степени се Крива Паланка, Битола, Прилеп и Крушево.
Во Скопје, на Зајчев Рид и во Куманово, пак, било минус еден степен, а во Дојран и Гевгелија два степени.
Здружението за промоција на македонски ски-центри, „Ски Македонија“ на својот јутјуб-канал има снимка во живо од Попова Шапка, на која може да се погледне состојбата во ски-центарот.
Утрово, до 7 часот висината на снежната покривка во Маврови Анови била 15 сантиметри, во Крушево 6 и во Ѓуриште 3.
Според Управата за хидрометеоролошки работи времето денеска ќе биде променливо облачно со локални слаби врнежи од снег, а ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне од 1 до 9 Целзиусови степени.